Sunny, About Sunny

 

Центарот за учење јазици Сани е центар со долгогодишна традиција во своето работење.
Основан е во 1994 год. и од тогаш повеќе од 1500 ученици ги посетија и успешно ги завршија нашите курсеви.
Можеме слободно да се пофалиме со нашата високо квалитетна и професионална настава во текот на целата година.
Местоположбата на центарот е уште еден плус повеќе.
Сместен е во центарот на Скопје, на само 5 мин. одење од градскиот плоштад.
И што е исто толку, многу важно, лесно е достапен од сите делови на градот.
Часовите се одржуваат во современи, модерни училници, опремени со комплетна аудио и видео опрема.
Ние сме центар кој гарантира учење, кое ќе ви претставува вистинско уживање и забава, и центар во кој ќе научите многу повеќе од кога и да било.